Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, изјавија за МИА денеска од Амбасадата на САД во Скопје.
Ова е одговорот на американската амбасада на прашање од МИА како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна.
Оттаму повторно повикуваат и на соработка меѓу двете земји за решавање на спорот.
„Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор“,
се вели во одговорот од Амбасадата.
На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека Северна Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите.