Функцијата вршител на должноста амбасадор во Скопје треба да ја извршува Приндон Садриу, сопруг на претседателкаѕа на Косово, кој досега беше советник во амбасадата
Косовскиот амбасадор во земјава, Ѓерѓ Дедај, одбива да ја испочитува одлуката за разрешување, и покрај указот од косовската претседателка Вјоса Османи.
Дедај на својој Фејсбук профил напиша дека Уставот и законите на Косово не треба да се кршат или персонализираат.
„Уставот и законите на Косово се Библија и Куран на косовското општество, пред кои сите сме немоќни“,
напиша Дедај.
Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го указот на претседателката на Косово.
Во еден од своите статусти на Фејсбук тој вчера напиша: „Историската мисија продолжува“, со што најави дека нема да ја прифати одлуката за негово разрешување.
Претседателката Османи, на предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, донесе одлука за разрешување на Дедај и на уште 11 други амбасадори поради тоа што биле политички именувани.
Дедај беше назначен за амбасадор со декрет на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, а тој ја презеде функцијата амбасадор во октомври 2018 година.
Функцијата вршител на должноста амбасадор во Скопје треба да ја извршува Приндон Садриу, сопруг на претседателкаѕа на Косово, кој досега беше советник во амбасадата.