Превентивно во изолација се ставени 103 припадници на полицијата, а меѓу нив се полицајци од Скопје, Тетово и други градови, јавува Алсат.
Според телевизијата, повеќе детали околу тоа кога и каде се остварени можните контакти со заболени лица сè уште не се знаат, но станува збор за припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
Од пред два дена во самоизолација се и десетина припадници на македонската Армија, кои биле логистика на МВР во Охрид, каде што е затворено одморалиште на полицијата откако се дијагностицирани седум позитивни случаи на ковид-19 кај припадници на ЕБР.
Од Генералштабот на Армијата потврдија за „360 степени“ дека станува збор за војници кои, поради прогласената вонредна состојба, биле испратени на помош на полицијата. Припадниците на Армијата допрва ќе бидат тестирани по завршените епидемиолошките анкети.
