Претходно реагираше и ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги денешните случувања евтин театар. Функционери во Владата и владејачкиот СДСМ, пак, со остри тонови негодуваа на одлука за укинување на притворот бидејќи, според нив, се поткопува довербата во судскиот систем. Тие ги прозваа и судиите од Апелација кои биле дел од советот што одлучувал, барајќи на јавноста да ѝ објаснат под кои основ ја донеле одлуката
Ослободувањето на Сашо Мијалков од притвор, според Алијанса за Албанците, ја демаскира „евроинтеграциската“ агенда на актуелната владејачка гарнитура, на според опозициската партија, режимот што е на власт.
„Режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со помилувањето на криминалците, одговарајќи им на најарогантен можен начин на граѓаните коишто им се спротивставуваат на нивните криминални дејствија. Само после два дена откако не им дозволивме да ги помилуваат Сеад Кочан, Александар Василевски Нинџа и Бобан Илиќ, Министерството за (не)правда ја повлече комплетната листа, не дозволувајќи да се помилуваат ниту затворениците коишто се со полесни прекршоци, а и невини по затворите. Од друга страна, со одлука на Апелацискиот суд, денес беше ослободен Сашо Мијалков, главниот партнер на актуелниот режим и човекот којшто уништи човечки судбини и го уништи државниот буџет. Овој случај уште еднаш ја демаскира измамничката евроинтеграциска агенда на овој режим и ги оправда нашите оценки дека овој режим треба да падне ден порано. Сите тие коишто му го продолжија животот на овој режим, денес се виде дека придонеле за да се постигне помилување на криминалците“,
велат од Алијанса за Албанците.
Претходно реагираше и ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги денешните случувања евтин театар. Функционери во Владата и владејачкиот СДСМ, пак, со остри тонови негодуваа на одлука за укинување на притворот бидејќи, според нив, се поткопува довербата во судскиот систем. Тие ги прозваа и судиите од Апелација кои биле дел од советот што одлучувал, барајќи на јавноста да ѝ објаснат под кои основ ја донеле одлуката.
Апелација донесе одлука да ја прифати жалбата на Мијалков и понудената гаранција од 11 106 501 евро со цел тој да се брани од слобода притоа одредувајќи му мерки на претпазливост – одземање и забрана за издавање нов пасош и обврска да се јавува во судот.
Гаранцијата се состои од недвижен и движен имот, а пред Апелација да ја донесе одлуката од Вишото обвинителство Скопје испратиле мислење дека жалбата и гаранцијата на Мијалков треба да се одбијат и тој да остане во притвор во „Шутка“.
*Поврзани вести:
Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра
Вишото обвинителство барало да се одбие гаранцијата на Мијалков
Судскиот совет веројатно утре ќе дискутира за ослободувањето на Мијалков
Маричиќ „удри“ по судиите што го пуштија Мијалков од притвор
И СДСМ ги нападна судиите за пуштањето на Мијалков од притвор
Николовски: Одлуката за Мијалков е скандалозна, јавноста треба да знае врз која основа е донесена