Пред почетокот на средбата, лидерот на партијата Арбен Таравари во куса изјава за медиумите кажа дека ќе се формира тим за преговарање, откако претходно ќе ги слушне ставовите на членовите на претседателството
Од 17 часот попладнево започна најавената средба на претседателството на Алијанса за Албанците која се одржува во седиштето на партијата во Тетово.
На оваа средба, како што претходно соопштија од партијата, ќе се дискутира за политичките случувања во земјава, а на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим за преговори за евентуалниот влез во Владата. Ова партиско тело ќе треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата.
Пред почетокот на средбата, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во кратка изјава за медиумите кажа дека ќе се формира тим за преговарање, откако претходно ќе ги слушне ставовите на членовите на претседателството.
„Прво да се видиме, да разговараме. Прво да ги слушнам сопартијците. Ќе има тим за преговори“,
рече Таравари.
Минатиот викенд Таравари изјави дека на денешната средба на претседателството на партијата се очекува да бидат донесени финалните одлуки за евентуалниот влез на АА во Владата и за евентуално формирање преговарачки тим.