Изминатите два месеци, дневната бројка на новозаразени се движи околу 150
Во Албанија за 24 часа се заразени 151 лице, што според тамошните медиуми е бројка која не се менува последните два месеца.
Главно жариште се Тирана и Драч, од каде се 61 односно 27 од новозразените а се зголемува бројот на заразени во Корча, од каде се 16 од денеска потврдените случаи.
Медумите во Албанија објавуваат дека нов кластер на ковид е затворот Дренова кај Корча и бараат поголема транспарентност за состојбата во оваа институција. Според медиумските извештаи, таму има најмалку 10 заразени затвореници и еден починат. Станува збор за затвореници од одделот со високо ниво на обезбедување, додека целиот оддел е во изолација.
Во Албанија, во просек дневно се прават по нешто повеќе од 800 теста, иако експертите сметаат дека е потребно да се прават од 2 500 до 3 000 теста.
Од појавата на паднемијата во почетокот на март до сега направени се 70 410 тестови, позитивни се 10 704 лица, оздравеле 6 284, починале 322, додека активни случаи се 4 098. Од нив 192 се хоспитализирани во двете ковид – болници, при што 24 лица се во потешка здравствена состојба.