Триесет и четиригодишен маж извршил напад со нож во џамија во Тирана при што повредени се најмалку пет лица. јавува МИА.
Со брза интервенција полицијата успеала да го совлада и како што информираше станува збор за Рудолф Николи од градчето Бурел.
Инцидентот се случил во 14:30 часот кога во џамијата „Патот на Каваја“ сега уапсениот Николи, кој, според очевидци, бил многу агресивен, почнал да напаѓа без да гледа во кого погодува со ножот, што создало хаотична ситуација во верскиот објект.
Повредените биле веднаш транспортирани до најблиската здравствен установа каде им е дадена соодветна лекарска помош и тие се вон животна опасност.
„Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објектот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа успеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин“,
изјави имамот Ахмет.
Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.