Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, информира премиерот Еди Рама.
„Добри вести. Почнува вакцинацијата против ковид-19“,
напиша тој на својот фејсбук-профил.
Деталите за процесот на вакцинација сè уште не се познати. Владата во Тирана обезбеди 500 000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10 750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30 250 дози во февруари.
Пред неколку дена тој го посети стадионот „Ер Албанија“, кој ќе служи како прв центар за вакцинација.
