Мандатарот Зоран Заев ќе биде премиер во следните четири години, а ДУИ ќе може да предложи премиер во последните 100 дена од новата влада. Ова е договорот што го постигнале Заев и Ахмети за клучната позиција, која е предизборно ветување на интегративците.
„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани и државата и утврдено е јас да ја добијам честа да бидам претседател на Владата во полн четиригодишен мандат. Без какви било претходни консултации во коалицијата, покажав доблест 100 дена пред изборите, на предлог на ДУИ да се постави премиер кој ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат. Таа доблест денеска во партијата ќе ја елаборирам“,
рече мандатарот Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Заев најави укинување на т.н. пржинска влада, за што вели има согланост и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски. Како што рече Заев, сите се сложиле дека пржинската, односно техничката Влада повеќе правела штета.