Кај еден возач од Тетово биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта
За само неколку часа, од 22 до 04 часот акциската контрола на СВР Тетово синоќа резултирала со 36 санкционирани возачи кои возеле под дејство на алкохол. Од нив, 24 возачи се од Тетово и 12 од Гостивар.
Кај еден возач од Тетово биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.
„Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци“,
соопшти Министерството за внатрешни работи.

Санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (13 во Тетово и 5 во Гостивар).
Полицијата апелира до возачите, посебно до младите, да не се возат доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места.