Можно е проширувањето да биде поттурнато во овие неколку месеци, особено ако Украина оваа есен добие статус на земја кандидат. Голем е бројот на земји членки што би сакале да има брз развој, кога станува збор за проширувањето кон Западниот Балкан. Бугарија и Северна Македонија треба да ја искористат таа шанса затоа што низ европскиот дневен ред може да се решат не само прашањата со правата на Бугарите во Македонија, туку и просперитетот на сите македонски граѓани – вели потпретседателката на тинк-тенк организацијата Европски совет за надворешни работи и советничка на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков
Од двете страни на границата – и во Бугарија и во Северна Македонија – има политички сили што сакаат да остварат краткорочни победи и не го гледаат постоењето ризик на долг рок, а тоа е државите од регионот да останат периферија која нема да напредува многу долго време ако не ги искористиме следните неколку месеци – смета Весела Чернева, потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и советничка за надворешна политика на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.

Според Чернева, која гостуваше во „360 степени“ на ТВ „Алсат“, многу е важно да го имаме предвид европскиот контекст во македонско-бугарските односи.
„Од една страна, можно е проширувањето да биде поттурнато нанапред во овие неколку месеци, особено ако Украина оваа есен добие статус на земја кандидат. Голем е бројот на земји членки што би сакале да има брз развој, кога станува збор за проширувањето кон Западниот Балкан. Бугарија и Северна Македонија треба да ја искористат таа шанса затоа што низ европскиот дневен ред може да се решат не само прашањата со правата на Бугарите во Македонија, туку и просперитетот на сите македонски граѓани. Според тоа, за мене европскиот дневен ред е тој што треба да ја диктира иднината на нашите односи“,
вели Чернева.
Таа смета дека бугарска влада составена со мандат на Продолжуваме со промените (на Кирил Петков) и Демократска Бугарија (на Христо Иванов) со сигурност на дневниот ред ќе го има подобрувањето на односите со сите соседи, вклучително и со Северна Македонија. Во моментов мандатот за формирање влада во Бугарија го има кандидатката на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел. Ако таа не успее, мандатот за влада ќе му биде доделен на претставник на групацијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија.