Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец
Сончево време со мала до умерена облачност најавуваат синоптичарите за денес. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура изнесува од 9 до 19 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.
ОД УХМР најавуваат дека утре и во среда, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.
