Доколку се јави потреба за допилнителни болнички кревети за пациенти со ковид-19, ќе се ослободи простор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Ова се разговарало на дешениот состанок меѓу министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски.
„Оваа средба беше редовна коордианција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација“,
информира Министерството за здравство.
Во моментов околу 500 легла има во ковид-центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.