Контролите покажале дека кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и другите оператори со храна ја почитуваат забраната за употреба на водата од градскиот водовод. За послужување, како и за миење на садовите, работните површини и опремата, операторите користеле пакувана или друга безбедна вода, а во угостителските објекти за гостите се употребувале пластични и хартиени чаши и прибор
Инспекторите, сепак, констатирале други неправилности. Кај пет оператори не биле спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а кај 18 не биле извршени задолжителните здравствени прегледи на вработените. Затекнати биле 11 правни лица кои не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ поради што, покрај глоба, им била изречена и привремена забрана за вршење дејност до нивното регистрирање. Кај два оператори била пронајдена небезбедна храна во количина од 18 килограми, која била нештетно уништена
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 30 глоби во вкупна вредност од 7 750 евра, 12 забрани за вршење дејност и привремено затвори 11 нерегистрирани оператори со храна по вонредните инспекциски надзори во Гостиварско.

Истовремено, контролите покажале дека кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и другите оператори со храна ја почитуваат забраната за употреба на водата од градскиот водовод.
Како што информира АХВ, инспекторите во вторникот извршиле 70 вонредни надзори во кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, како и кај оператори за производство и пакување овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна.
Акцентот на контролите бил ставен на тоа дали операторите ја почитуваат забраната за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.
При надзорите не биле утврдени отстапувања во однос на почитувањето на забраната. За послужување, како и за миење на садовите, работните површини и опремата, операторите користеле пакувана или друга безбедна вода, а во угостителските објекти за гостите се употребувале пластични и хартиени чаши и прибор.
Инспекторите, сепак, констатирале други неправилности.
Кај пет оператори не биле спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а кај 18 не биле извршени задолжителните здравствени прегледи на вработените. Дополнително, затекнати биле 11 правни лица кои не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ поради што, покрај глоба, им била изречена и привремена забрана за вршење дејност до нивното регистрирање. Кај два оператори била пронајдена небезбедна храна во количина од 18 килограми, која била нештетно уништена.
Од АХВ апелираат операторите со храна и граѓаните и натаму да ја почитуваат забраната за употреба на водата од градскиот водоводен систем за побрзо надминување на состојбата и намалување на бројот на заболени лица.
Ги повикуваат граѓаните секое непочитување на забраната да го пријават во Агенцијата, нејзините подрачни единици или преку бесплатната телефонска линија за потрошувачи.
