За утврдените недоследности биле издадени 44 решенија за нивно отстранување, а изречени се повеќе парични казни во износ од над 25 000 евра
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници спровела 617 вонредни контроли во повеќе оператори, при што се уништени 1 740 килограми небезбедна храна, пренесе МИА.

При контролите, како што се наведува, било утврдено дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите.
Кај четири оператори, пак, е констатирано дека не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на своите вработени или имале санитарни книшки чиј рок на важност бил истечен. Дополнително, инспекторите на Агенцијата кај пет оператори констатирале дека тие не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а во осум биле пронајдени несоодветно означени производи.
За утврдените недоследности биле издадени 44 решенија за нивно отстранување, а изречени се повеќе парични казни во износ од над 25 000 евра.
„За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност“,
информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.