Време е за премиер Албанец, е пораката што лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети ја испрати денеска пред членството и симпатизерите на одбележувањето на 18 години од основањето на партијата.
„Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг. Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори. Да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа и тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!“,
порача Ахмети.

Денеска кога земјава е полноправна членка на НАТО и преговара со Европската Унија, вели Ахмети, Албанците имаат јазична рамноправност, а целосно е имплементиран и нормативниот дел од Охридскиот договор.
„Со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот. Како Албанци и граѓани на оваа држава раководевме и со Собранието, Министерството за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо“,
додаде Ахмети.
Според него, алтернативата во Албанската политичка сцена во земјава е раздор на гласот и ослабување на Албанската политичка волја. Тој смета дека тие произлегуваат од раздор и отцепувања, а не од волјата на граѓаните со цел за подобро дејствување.
„Секогаш повторувам дека не ни треба дефакторизација на Албанскиот глас во толку многу партии и со локално, а не целосно застапување. Фрлете им око на таканаречените лидерски средби и не заборавајте го чувството кое ви ја создава таа слика“,
додаде Ахмети.
Во својот говор тој зборуваше и за пандемијата предизивкана од ковид-19, во која што се наоѓа и земјава и потенцираше дека битката се води без поделби на етнички, културни, верски и државни разлики.
„Оваа годишнина не наоѓа во време на невидена пандемија во историјата на нашата планета која одзема толку многу животи и опфати милиони луѓе во светот, не штедејќи ја и нашата држава. Ние сите заедно сме во ова битка, без етнички, културни, верски и државни разлики, и затоа заедно и без ниту еден исклуок треба да ги почитуваме мерките за заштита со цел да се вратиме во нормалност и секојдневниот живот“,
рече Ахмети.