Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека како член на дијаспората увидел промени во земјата, но членството во ЕУ останува предизвик
Со општествени цели во новиот век треба се занимаваат генерациите на новиот век, да преземат одговорност за работата што треба да се направи. Затоа се очекува квалитет во образованието, здравството, инфраструктурата и поквалитетен начин на живот, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашната трибина под мотото „Заедно за Европа“ во Општина Боговиње.
„Ова е нов век со многу нови промени, вклучително и климата, затоа мора да се посветиме на здравот начин на живот. Кога зборувам за зачувување на животната средина мислам на нашите реки кои се полни со ѓубре кои влијаат на исчезнување на вегетацијата и богатството на природата, тоа е предупредување за министерот за животна средина и просторно планирање, но и за граѓаните кои треба да бидат повеќе свесни. Денес имаме универзитети, средни и основни училишта, имаме болници. Повеќе не сме тоа што бевме пред 20 години. Порано во болниците имавме многу малку специјалисти Албанци, но денес имаме многу лекари специјалисти. Сега ни е потребна квалитетна и современа медицина затоа што само така ќе ги исполниме стандардите кои ќе не доближат до Европа“,
им порача Ахмети на сопартијците и граѓаните.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека како член на дијаспората увидел промени во земјата, но членството во ЕУ останува предизвик. Според него, потребно е образование, здравство и инфраструктура со повисок стандард.
„За првпат во овие 30 години обезбедивме средства за регулирање на проблемот со отпадот во државата, обезбедивме средства од ЕБОР и ЕУ, за модерни депонии, модерни контејнери кои овозможуваат селекција на отпадот. Денес, за жал, некои населени места се уште немаат водоснабдување, обезбедивме алатки и за ова прашање. Со овие инвестиции создаваме баланс за подобар живот на нашите граѓани. ЕУ сака чиста животна средина, заштитени подрачја и развиена економија. За да станеме членка на ЕУ, секој од нас мора да го направи својот придонес како граѓанин кон остварување на нашите државни цели“,
порача Нуредини.
На трибината пред жителите на Боговиње се обратија и градоначалникот на општината Бесник Емшиу и претседателот на Советот на општината Илир Елези.