Лидерот на ДУИ Али Ахмети и негови сопартијци денеска одржаа состанок со граѓани и иселеници во Гостивар. Пред присутните, претседателот на моментално најголемата партија на Албанците во земјата, даде осврт на политичките и општествените случувања во С. Македонија во последните две децении, особено од аспект на меѓуетничките односи.
„Ако во 2001 година имавме 260 офицери и подофицери Албанци во АРМ, денес имаме повеќе од 2000. Ако имавме 178 полицајци Албанци, денес имаме 2000 млади во полиција. Има уште многу работа пред нас, бидејќи другите беа пред нас 60 години, и сега работиме за да постигнеме застапеност и квалитет“,
изјави Ахмети.
Според Ахмети, напредокот во бројките, веќе ги сменил и перспективите за иднината.
На патриотизмот со големо зборови, со полна уста, му дојде крајот. Ние треба да работиме за секој ден и без големи зборови, но со опипливи и конкретни дела.
изјави Ахмети.
За претседателот на ДУИ, сепак се уште не дојдено времето кога Македонецот ќе го штити интересот на Албанецот и обратно. Разликите создавани со векови, кажа, не можат да се тргнат преку ноќ. Како заклучок од ваквото размислување, Ахмети истакна дека Албанците можат да бидат претставени достоинствено само од албанските политички субјекти.