По повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им честиташе на сите граѓани и посочи дека ова е важен момент, кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.
„Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме. Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон. Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања. Притоа, во ниту еден случај не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори. Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно, бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна“.
напиша Ахмети на фејсбук.