Во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 46 нови случаи со ковид-19 од вкупно 166 на ниво на држава. Изминатото деноноќие регистрирани се и 59 оздравени пациенти.
Според овој денешен пресек на состојбите направен од здравствените власти, во главниот град во моментов има 744 активни случаи. Со нераспределени осум случаи, податоците за секоја општина одделно во скопскиот регион покажува оти Аеродром во моментов е единствена со над сто активни случаи – 103.
Во останатите општини состојбата е следна:
- Чаир – 90
- Кисела Вода – 85
- Карпош – 80
- Гази Баба – 78
- Центар – 78
- Ѓорче Петров – 40
- Бутел – 52
- Шуто Оризари – 29
- Студеничани – 28
- Сарај – 22
- Арачиново – 14
- Илинден – 13
- Петровец – 8
- Сопиште – 7
- Чучер Сандево – 3
- Зелениково – 2
- Странец – 8
- Нераспределен-4