Во дебата на „360 Степени“, Ружица Николовска, адвокатка на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви (шеф на обезбедувањето на Трајко Велјановски) зборуваше за обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април минатата година, како е тој поставен во однос на различните обвинети и за дилемите околу тоа дали дел од нив требало да се теретат со полесни кривични дела.
– Горан Ѓошевски бил началник на личното обезбедување на претседателот на Собранието. Согласно Закон за Собрание, личното обезбедување на претседателот на Собранието не потпаѓа под оние други сектори кои треба да му дадат не знам какви наредби. Согласно закон, тој не смее да презема апсолутно никакви мерки, ниту дејствија, не смее да допре пратеник, освен ако нема наредба за нешто од претседателот.
– Ама не и да помага во тоа што го правеа.
– Не, не, вие велите дека помагал.
– Ама го гледавме на снимките.
– Не, ви се молам, не е така. Значи, снимките се пуштени само оној дел којшто веројатно одговарал да биде пуштен…
– Нема таму монтирање на снимките. Тие се интегрално презентирани.
– Зборувам по телевизиите и по медиумите одеа дел од снимките.
– Не се монтирани, пуштени се во оригинал, интегрално.
– Не велам, јас тоа, ве молам, немојте со тоа. Кажувам дека како одбрана сме гледале снимки, меѓутоа велам, вие гледате еден дел од снимките, една секвенца, додека јас како бранител ги имам погледнато во еден временски период, траење, што се случувало и како, но тоа да го оставиме за понатака за да се докажуваме во постапката. Сакам да укажам дека имаме Закон за Собрание, и постои правилник за внатрешниот ред во Собранието. И согласно овие документи, овие лица не смее да презема апсолутно никакви мерки – рече Николовска.
Напишете коментар