„Ако направите споредба помеѓу излезеноста на парламентарните и на претседателските избори може да се констарира дека има една мала разлика, но не до тој степен што би ја одразило на фактичката состојба на нашите поддржувачи во однос на изборите на 24 април“, рече шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“, Арбер Адеми
Ги оставивме нашите поддржувачи самостојно и по сопствено убедување да одлучат како ќе се однесуваат а пропо претседателски избори. Ова на денешната прес-конференција го изјави шефот на изборниот шраб на „Европскиот фронт“, Арбер Адеми, прашан дали тоа што ДУИ отворено не ги повикала своите поддржувачи да гласаат на вториот круг од претседателските избори може да се протолкува како тивок бојкот, во контекст на помалата излезеност на претседателските во однос на парламентарните избори.
„Ако направите споредба помеѓу излезеноста на парламентарните и на претседателските избори може да се констарира дека има една мала разлика, но не до тој степен што би ја одразило на фактичката состојба на нашите поддржувачи во однос на изборите на 24 април“,
рече тој.
Адеми додаде дека имало поддржувачи на „Европскиот фронт“ што гласале на претседателските избори. Такви, како што рече, се и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, техничкиот премиер Талат Џафери, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Претседателот (на партијата н.з.) Али Ахмети гласаше денеска, премиерот Талат Џафери гласаше денеска, министерот за надворешни работи гласаше денеска, така што граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат или да не гласаат“,
порача шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“.
Адеми лично, како што рече, не гласал на вториот круг од изборите за шеф на државата.
Во однос на парламентарните избори, Адеми оцени оти „Европскиот фронт“ вечерва ќе биде сведок на историска победа на овој, како што кажа, сенароден рефендум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Додаде оти враќање назад нема и нема да има бидејќи, како што кажа, волјата на граѓаните е пред сè.
„На 24 април и денеска народот го кажа својот збор и ‘Европскиот фронт’ засекогаш ќе остане верен на волјата на гласачот. Вечерва победата е наша, на сите вас кои кажавте не за Русија да за Европа“,
заклучи Адеми.