Функционери од партијата на Али Ахмети еден по еден ја претставуваат најновата предизборна иницијатива
ДУИ очекува по изборите повторно да биде одлучувачки фактор за формирање на новата влада. Во тој контекст, министерот за образование Арбер Адеми најави денеска дека и по изборите ДУИ ќе бара и ќе преговара со другите партии за премиер Албанец.
„Покажавме дека имаме кадри за водечките државни функции, како што е функцијата претседател на Собранието. Зошто тогаш и премиерот да не биде Албанец“,
рече Адеми, кој се врбои во групата функционери на ДУИ кои во изминатите денови еден по еден ја промовираат иницијативата за прв премиер Албанец во Македонија.
Адеми рече дека и на децата од основно образование, веројатно, им е чудно што на синоќешната средба во претседателскиот кабинет за изборите немало ниту еден политичар Албанец.