Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по излегувањето од Основниот кривичен суд во Скопје каде беше на рочиште за „Моќник“, избега од камерата на „А1он“ и не сакаше да одговори за каква кражба и какво фалсификување е осуден во Германија, односно да демантира дека документите се точни.
Новинарската екипа на „А1он“ ги носеше документите и му ги предочи, но тој ја одбегнуваше камерата и коментираше само дека тоа се манипулации на Зоран Заев.
Порталот досега објави документи на германски јазик за кои тврди дека покажуваат оти Основниот суд во германскиот град Ахен донел пресуда за кривично дело на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, како и запис од казнена евиденција издаден од Основниот суд во Тетово, а за кој тврди дека покажува оти Милошоски бил двапати осудуван.
