Во моментов активни се 2 375 случаи од кои најмногу се во Скопје – 971 и во Куманово – 228. Демир Капија и Дојран, пак, се градовите без активни случаи
Во последните 24 часа се направени 3 777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 92 оздравени пациенти од: Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г, 77 г, 77 г, 77 г, 92 г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Активни се 2 375 случаи, речиси 1 000 се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 246, бројката на оздравени пациенти е 147 473, на починати е 5 398, а бројот на активни случаи изнесува 2 375.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 493, Активни 971
- Куманово 8 823, Активни 228
- Прилеп 8 300, Активни 97
- Тетово 7 212, Активни 99
- Битола 6 291, Активни 165
- Велес 5 468, Активни 61
- Гостивар 5 171, Активни 42
- Кавадарци 5 151, Активни 27
- Охрид 5 000, Активни 145
- Штип 4 959, Активни 40
- Струмица 4 109, Активни 54
- Струга 2 980, Активни 51
- Кочани 2 787, Активни 34
- Кичево 2 562, Активни 73
- Гевгелија 2 191, Активни 25
- Неготино 2 183, Активни 17
- Свети Николе 1 522, Активни 29
- Ресен 1 234, Активни 31
- Крива Паланка 1 219, Активни 6
- Радовиш 1 158, Активни 48
- Берово 1 029, Активни 3
- Делчево 971, Активни 23
- Дебар 940, Активни 1
- Виница 881, Активни 34
- Пробиштип 789, Активни 5
- Валандово 666, Активни 3
- Богданци 494, Активни 3
- Крушево 489, Активни 16
- Демир Хисар 397, Активни 16
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 373, Активни 13
- Македонски Брод 359, Активни 3
- Пехчево 268, Активни 1
- Македонска Каменица 249, Активни 11
- Дојран 132, Активни 0