Американскиот претседател вчера добил дексаметазон по второто минливо опаѓање на нивото на кислород во крвта
Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болница „Волтер Рид“.
Трамп вчера добил дексаметазон по второто минливо опаѓање на нивото на кислород во крвта. Во петокот нивото било на 94 проценти, а вчера на 93 проценти.
Лекарите не кажаа дали и вчера примил кислород.
„Сега неговото ниво на кислород е 98 проценти“,
рече д-р Шон Конли, пренесува Би-Би-Си.
Член на лекарскиот тим изјавил дека состојбата на Трамп се подобрува и тој не се жали на респираторни проблеми.
Докторо Бен Гарибалди вели дека планот е Трамп денеска да не биде во кревет, да јаде и да пие.
„Ако продолжи да се чувствува добро како денеска, се надеваме дека може да биде отпуштен утре за да може да го продолжи лекувањето во Белата куќа“,
рече тој.