Во канцеларија на Секторот за внатрешни работи во Струмица, инспектор испукал куршум додека вршел проверки на службениот пиштол, но за среќа нема повредени.
Како што информира МВР, тој од невнимание испукал еден куршум кој завршил во паркетот во близина на неговото биро.
Во тој момент во канцеларијата биле присутни уште двајца полициски службеници. Повредени лица нема, а увид бил извршен.