СВР Струмица и ЈО ќе го испитуваат случајот, а ДСЗ најави посмртен ковид- тест
Се работи за 20 жители на Турското маало во Струмица кои насилно се однесувале кон медицинскиот персонал
Од СВР Струмица, во координација со Јавен обвинител преземаат мерки за расчистување на случајот што се случил денеска кога од тамошната болница, роднини на починат го украле неговото тело од Инфективната клиника.
Настанот се случил утрово во 9 часот.
Од она што досега е познато, маж на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, кого го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути тој починал.
За кусо време, дваесетина жители од Турското маало во Струмица, насилно упаднале во Инфективното одделение на болницата од каде, прво го извлекле починатиот со кревет во дворот на болницата, потоа го дигнале од креветот и го префрлиле преку оградата, го ставиле во комбе и избегале.
Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов ги потврди информациите и додаде дека не им било дозволено на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а лицата се однесувале и насилно и кон медицинскиот персонал.
Директорот на струмичката болница рече дека на починатиот н му бил направен ковид-тест, бидејќи немало време поради инциентот. Но директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Бухова- Сотирова за Сител изјави дека тоа ќе се напорави посмртно, бидејќи ги имал сите симптоми на ковид-19.
„При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50 отсто, што значи висока суспекција за инфекција со ковид. Но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка, екипата пристапила кон истата и немало време за брис“,
рече Сотирова – Бухова.