Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер објави дека е позитивен на коронавирус.

Тој на Твитер напиша дека немал симптоми и порача дека ќе продолжи со работа од дома. Мер истакна дека ќе биде во изолација седум дена.
„Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот“,
истакна Мер.
Минатата недела премиерот на Франција Жан Кастекс беше позитивен на ковид-19 по контакт со позитивно лице на велосипедската трка „Тур де Франс“.
Франција е една од европските држави која е силно погодена од новиот бран на ковид-19. Вчера беа регистрирани рекордни 13 215 новозаболени во еден ден.