Девет лица досега се уапсени за убиство и злоупотреба на положбата поради непочитување на правилата за градба во акцијата на албанските власти во врска со последиците од земјотресот кој се случи на 26 ноември и во кој загинаа 52 лица, а околу 2,000 беа повредени.
Двајца од уапсените кои се товарат за убиство се сопственици на хотелите кои се урнаа во Драч, еден од градовите кои беа најтешко погодени од земјотресот со магнитуда од 6.4 степени.
Меѓу уапсените се Ружди Џека (79) градител на хотелот „МираМаре“,каде загинаа две лица и Абдула Осман (61) градител на хотелот Тропкал“, каде загинаа двајца браќа од Косово. Полицијата не успеа да го уапси градителот на четрикатната куќа на фамилјата Лала каде животот го загубија осум членови, кој веднаш по земјотрсот ја напуштил земјата.
Обвинителството соопшти дека се осомничени 17 луѓе меѓу кои градежници, инжењери и локални службеници во катастарот. Полицијата трага по уште осуммина за кои се сомнева дека ја напуштиле државата веднаш по земјотресот.
Обвинителството во Драч повикало на распит 90 лица: инженери, сопственци на објекти, инвеститори и други надлежни. Истрагата опфаќа најмалку 60 градежни фирми.
Локалната полиција во Драч соопшти дека првичната истрага покажала злоупотреба во градбата и почитување на законите и другите стандарди што довело до уривање на зграда во тој град при што настрадаa 23 луѓе.
Над 14.000 објекти беа оштетени во земјотресот, а инженерите и натаму утврдуваат кои конструкции се безбедни.
Европската комисија соопшти дека во јануари следната годинаво Тирана ќе одржи донаторска конференција.
По неколкудневна смиреност на земјата, синоќа во Албанија е регистриран нов потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е почувствуван во 2:20 часот, на длабочина од десет километри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.
Потресот предизвика вознемиреност кај населенето.