Велешанец во топче од киндер-јајце, скриено во гаќите што ги носел, чувал хероин за продажба
Велешкиот суд веќе одлучил дека момчето ги исполнува условите за мерка притвор и му одреди 30 дена.
Од Основното јавно обвинителство Велес донеле наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце, скриено во долната облека што ја носел на себе“,
појаснуваат од обвинителството.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.