По повеќемесечна вирутелна настава, голем број од училиштата во светот ги отворија вратите за настава со физичко присуство.
Но, ризикот од коронавирусот наметна нови правила во однесувањето на учениците и целосно го промени досегашниот вообичаен училишен ден.

Ученици од речиси сите континенти, за Би – би – си ги кажуваат своите искуства, како изгледа еден нивен училишен ден од новата нормалност.
Нивните искуства се сумирани во неколку работи кои се заеднички за сите.
Дезинфекција
Во некои земји, како Данска, маските не се задолжителни во училиштата. Но, во сите, без исклучок е задолжителна дезинфекција уште на самиот влез.

Ходниците се празни

На масите каде го имаат својот оброк, има потсетник за задолжително растојание меѓу нив

На помалите маси има известување колку учениците можат да седнат

Училниците редовно се чистат и се дезинфицираат пред почетокот на секој час

На учениците не им е дозволено да се дружат за време на одморите и мора да држат растојание и за време на часовите

Сепак, и покрај многуте ограничувања, сите велат дека се среќни што се повторно во улилиште.