Во 14 часот, како што беше најавено, започна протестниот марш што го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ против покачувањето на цената на струјата.
За разлика од протестот пред два дена, овој пат освен маршот што го предводи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, има и голем број возила што ја блокираат улицата „Даме Груев“ од ТЦ „Палома Бјанка“ до Регулаторната комисија, која е сместена во една од новите згради кај хотелот „Бристол“.
Покрај Мицкоски, во маршот кој се движеше по „Даме Груев“ е и потесното раководство на партијата и граѓани, кои пеш или со свои возила се приклучија на блокадата.
Меѓу возилата, како што се гледа и од видеата има голем број луксузни марки.