Во затворот во Шутка вчера околу 16 часот се обесил притвореник, професор од Тетово осомничен за обид за силување на осумгодишно девојче.
Осомничениот бил на возраст од 61 година, а животот си го одзел во ќелијата каде што бил сместен, во период кога е прошетката на притворениците во дворот на затворот.
Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава како осомничен за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето.
