Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е казнет со вкупно 17 500 долари, објавија организаторите на Ју-ес опен.
Србинот е казнет по две основи. Првата казна е 10 000 долари за неспортско однесување кога со топка удру линиски судија, за што беше дисквалификуван.
Втората казна е 7 500 американски долари бидејќи тој не дошол на прес-конференција.
Претходно, на Ѓоковиќ му беше одземена парична награда од 250 000 долари, која ја заработи влегувајќи во осминафиналето.
Тенисерот беше дисквалификуван од Ју-ес опен откако со топче удри по линиска судијка, а организаторите соопштија дека тој намерно опасно удрил со топчето или небрежно ги занемарил последиците.
*Поврзани вести:
(ВИДЕО) Ѓоковиќ дисквалификуван од Ју-ес опен, не сакајќи удри судијка со топче
Се огласи Ју-ес опен: Ѓоковиќ намерно опасно го фрлил топчето или небрежно ги занемарил последиците
Ѓоковиќ по дисквалификацијата: Ова ми е и животна и професионална лекција