Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп, кој е осомничен за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.
По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, соопштија денеска од МВР, на 2.9.2020 со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд-куќата во место викано Кишовица.
„При извршените претреси, во викенд-куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис“,
се наведува во соопштението.
Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определил мерка притвор од 30 дена.
