Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, е позитивен на коронавирус.
Тој објави на Фејсбук дека се тестирал откако во општинската администрација се појавиле два случаи на ковид-19.
Мицевски соопшти дека се повлекува во домашна изолација, а дека општината нема да работи до 9 септември, освен за итни работи.
Од почетокот на епидемијата во земјава, заклучно со вчерашните податоци, во Крива Паланка се регистрирани 48 случаи на ковид-19, од кои моментно се активни 13.