Во земјава има 2 326 активни случаи на ковид-19, а Ресен е единствениот град во моментов со нула активни случаи. Во овој град од почетокот на епидемијата беа регистрирани вкупно 146 случаи.
Од останатите градови во земјава со најмалку активни случаи се и Крушево -1, Валандово -2, Кратово -3 и Радовиш -6.
Во последната денешна статистика на Институтот за јавно здравје, во земјава беа регистрирани 115 нови случаи на ковид-19, а дури 368 оздравени. Денеска почина еден пациент од Гостивар.
Вкупната бројка на дијагностицирани со новиот коронавирус во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14 455, бројката на оздравени пациенти е 11 525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 326.
