Кинеските ученици од денеска се враќаат во редовната настава со физичко присуство, откако две недели во земјата нема нови случаи на ковид-19 преку локална трансмисија, пренесе Н1.
Околу 75 отсто од учениците веќе се вратија во училиштата, а остатокот ќе се вратат од денеска.
Во медицинските извештаи се наведува дека на децата им се мери температура по доаѓањето, но правилата за физичко растојание и носењето на маските варираат од регион до регион.
Кинеската Национална здравствена комисија денеска соопшти дека има 10 нови случаи на коронавирусот, од кои сите се увезени од други земји.
Кина соопшти дека вкупно има 4 634 починати со вирусот, а досега се регистрирани вкупно 85 058 случаи позитивни на ковид-19.