Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“ откажал вкупно над 80 отсто од летовите во првите три недели во септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник.
Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува порталот „Хрватска авијација“.
Најмногу летови се откажани од Загреб, дури кон 12 дестинации – Амстердам, Дубровник-Атина, Брисел, Копенхаген, Даблин, Лондон Хитроу, Минхен, Париз, Сплит-Дубровник-Рим, Сараево, Скопје и Виена.
Откажани се и линиите од Сплит до Франкфурт (еден лет), Виена (седум) и Цирих (два), а од Дубровник четири лета за Атина, еден за Франкфурт, три за Париз и седум за Цирих, пренесува порталот „Индекс“.