Вкупно 319 ковид-пациенти се лекуваат во болничките капацитети низ земјава, а од нив шестмина се сусптектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.
Според последните податоци на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет позитивни деца, а три мајки и три деца се суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 341, на оздравени пациенти е 11 157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 581.
