Во изминатото деноноќие, три лица починаа како последица на ковид-19, а регистрирани се 11 новозаразени од спроведени 450 тестирања, соопшти денеска Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје, пак, регистрира 95 оздравени пациенти.
Новите 11 случаи со ковид-19 се од Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.
Починатите пациенти се од Гостивар (51г), од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г), сите во болнички услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 341, на оздравени пациенти е 11 157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5 903, активни 812
• Куманово 1 472, активни 379
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1 134, активни 132
• Прилеп 463, активни 111
• Тетово 1 211, активни 164
• Струга 562, активни 60
• Велес 270, активни 29
• Битола 203, активни 39
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 76
• Гостивар 791, активни 236
• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 19
• Крива Паланка 47, активни 18
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 145, активни 27
• Пробиштип 80, активни 13
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 16
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 58, активни 49
• Валандово 9, активни 2
• Виница 71, активни 33
• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 4
• Свети Николе 288, активни 53
• Кичево 269, активни 65
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , Биотек-52, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со PCR метода -143, Инфективна клиника-7, ГАК-16.
Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.