„Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген“, изјави Ел-Сајед во своето победничко обраќање пред неговите поддржувачи
Неговата победа, како што пренесуваат светските медиуми, е уште позначајна имајќи ја предвид кампањата со антимуслиманска реторика со која републиканците предводени од Доналд Трамп се обидуваа да ја поткопаат неговата кандидатура
Демократите испишаа историја и во неколку трки за гувернерската функција. Победата на Киша Ленс Ботомс во Џорџија значи дека таа ќе стане првата црномуреста жена гувернер во историјата на САД. Џина Хинохоса влегува во историјата како прва гувернерка од латиноамериканско потекло во Тексас, и прв демократ на таа функција уште од 1990 година
Резултатите од меѓуизборите за Конгресот во Соединетите Американски Држави (САД), кој дел од светските медиуми ги опишуваат како „синиот бран“ алудирајќи на победата на демократите и во Претставничкиот дом и во Сенатот, донесоа и неколку значајни и историски моменти.

Кога станува збор за резултатите, тие покажуваат дека демократите ќе ја имаат контролата и во Сенатот и во Претставничкиот дом. Последните пребројувања велат дека тие имаат освоено 54 места во Сенатот (каде им беа потребни 51 за да го вратат мнозинството) и 228 места во Претставничкиот дом (каде им беа потребни 218 за да ја преземат контролата во долниот дом. Инаку, ова се резулатите објавени од британски „Гардијан“, додека оние што ги наведува Си-ен-ен се разликуваат за неколку места во Сенатот, во корист на демократите.
Според телевизијата, со сина боја (традиционална за демократите) се обоени 231 места во Претставничкиот дом. Кога станува збор за Сенатот, бројките се идентични. Демократите досега имаат освоено 54 места во горниот дом, а републиканците 44. Во претставничкиот дом, партијата на американскиот претседател Доналд Трамп досега има обезбедно 138 столчиња.
Сè уште се очекуваат резултатите од изборната трка во уште неколку сојузни држави, меѓу кои и Алјаска.

Демократите, како што пренесува „Гардијан“, на вчерашните меѓуизбори остварија неколку значајни и историски победи на федерално и на ниво на сојузни држави, бидејќи покрај претставници во Конгресот, во дел од државните се бираа и гувернери.
Историски победи
Така, Џејмс Таларико стана првиот демократ од Тексас што освоил место во Сенатот во последните 38 години, додека Адам Хамилтон е првиот од овој политички табор кој победил во трката за Сенатот во сојузната држава Канзас уште од 1932 година.
Во државата Мејн, прогресивецот Трој Џексон ја победи Сузан Колинс, ставајќи крај на нејзиното тридецениско „владеење“, како сенатор од редовите на републиканците.
Како особено историска, се истакнува победата на прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој победи во трката за Сенатот во Мичиген – една од најнеизвесните и наследните трки во овој изборен циклус.
Ел-Сајед, кој е со египетско потекло и кој пред да влезе во политиката работел како лекар во јавното здравство, стана првиот муслиман избран во американскиот Сенат. Тој го победи републиканецот Мајк Роџерс за клучното место на „бојното поле“ во Мичиген.
Неговата победа, како што пренесуваат светските медиуми, е уште позначајна имајќи ја предвид кампањата со антимуслиманска реторика со која републиканците предводени од Доналд Трамп се обидуваа да ја поткопаат неговата кандидатура.
Неговата вероисповед републиканците ја користеа како оружје против Ел-Сајед во текот на целата предизборна кампања. Трамп на митинзите го нарекуваше „џихадист“, а Роџерс ја доведуваше во прашање неговата лојалност кон САД.
„Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека, сè до овој момент, секогаш велев „иншала“ – или „ако даде Бог“ – секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа „иншала“ можеме да го претвориме во „алхамдулила“ – „фала му на Бога“,
изјави Ел-Сајед во своето победничко обраќање пред неговите поддржувачи.
Во меѓувреме се очекуваат резултатите од неколку исклучително неизвесни трки. Таква е трката за Сенатот во Мисисипи, која би можела да донесе неочекувана победа за демократите, а прерано е да се прогласи победник и во трката за Сенатот во Алјаска.

Демократите испишаа историја и во неколку трки за гувернерската функција. Победата на Киша Ленс Ботомс во Џорџија значи дека таа ќе стане првата црномуреста жена гувернер во историјата на САД. Џина Хинохоса влегува во историјата како прва гувернерка од латиноамериканско потекло во Тексас, и прв демократ на таа функција уште од 1990 година. Во меѓувреме, Дејвид Краули стана првиот црномурен гувернер на Висконсин, откако победи на изборите вечерва.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, Доналд Трамп изјави дека е „апсолутно подготвен да ги прифати изборните резултати.
„Знаете, со нетрпение очекуваме да соработуваме со нив (демократите)… Веројатно ќе најдеме начин за соработка“,
изјави Трамп.
