Од 1 септември во Грција се отвораат детските градинки, јави дописничката на МИА од Атина.
Маските ќе бидат задолжителни само за вработените, додека пак за децата е доброволна, а конкретните и комплетните упатства за работата на градинките во следните денови ќе ги соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција.
Одлуката била донесена по состанокот на надлежните заменици-министри со Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција.
„Ја донесовме оваа одлука откако многу внимателно, со Комисијата на епидемиолози, ги разгледавме сите податоци и се погриживме за сите мерки што се неопходни за безбедноста на вработените и децата. Сигурно дека е многу важно за работната и секојдневната програма на семејствата тоа што благодарение на мерките што ги преземаме, градинките ќе работат регуларно во однос на работното време и секако од 1 септември“,
рече заменик-министерката за труд и социјални прашање на Грција, Домна Михаилиду.