Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Септември“ во Скопје, соопшти МВР.
Во сообраќајната несреќа учествувале три возила – Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.
