Две девојки на возраст од 20 и 17 години се здобиле со повреди откако се превртел автомобилот во кој се превезувале. Несреќата се случила денеска околу 17:45 часот на автопатот Тетово – Скопје, кај Желино, информира СВР-Тетово.
„На автоптатот во близина на Желино, атар на Сараќино, патничко возило опел корса со кое се превезувале две женски лица на 17 и 20 години од Копанце изгубило контрола по што се превртело на другата коловозна лента. Со возило на итната помош поради телесните повреди двете се однесени во Тетовската клиничка болница. Таму се задржани за лекарска опсервација“,
информираат од полицијата.
Увидот е во тек со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.
