Формирањето на новото парламентарно мнозинство го поздавија Партијата на европските социјалисти (ПЕС), која оцени дека ова е одличен момент за Северна Македонија

„Под постојаното раководство на Зоран Заев, земјата сега може да продолжи по својот демократски, европски пат. Го поздравуваме постигнатиот договор и се надеваме дека ќе биде брзо спроведен, така што новата влада предводена од Зоран Заев може да биде одобрена од парламентот и ќе може да почне со работа. СДСМ и Зоран Заев беа движечката сила на позитивните промени во Северна Македонија“,
оцени претседателот на ПЕС Сергеј Станишев.