Во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, велат од СДСМ по вчерашниот договор за нова влада кој го постигнаа со ДУИ. Оттаму велат дека борбата со коронавирусот ќе остане врвен приоритет на јавното здравство, а ги повторуваат и принципите врз кои е донесена одлуката за коалиција, а кои вчера ги вети и мандатарот Заев.
„Меѓу коалиционите партнери, постои сериозна посветеност приоритетно да ги спроведуваме сите реформи во однос на нашето членство во Европската Унија. Пржинскиот модел на техничка влада 100 дена пред избори, ќе биде укината преку измени во Законот за Влада. Активно ќе работиме на реализација на моделите за намалување на обемот на администрацијата за 20%, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подобри и побрзи услуги. Овие заемно прифатливи принципи стануваат дел од новата владина програма, програма која целосно ќе го следи патот исцртан со членството во НАТО, патот определен со Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Тоа е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквост“,
кажа на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богдана Кузеска.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Како ќе изгледа новата влада на СДСМ и ДУИ