Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети одговарајќи на новинарски прашања за најавениот бојкот на Собранието од страна на пратениците од коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива, кажаа дека тоа не треба да биде опција на опозицијата.
„Многу пред нас, идеолози и филозофи рекле во процесот на демократија може да дебатираш, да не се согласуваш, но, не е прифатливо да саботираш и бојкотираш. Бојкотот не е опција во демократијата“,
одговори Ахмети.
„Се согласувам дека бојкотот не е решение, треба по пат на дијалог да се наоѓаат решенијата. Опозицијата има многу важна улога која ќе ја исполни ако е активен чинител во процесите. На најдобар начин ќе им служиме на граѓаните само ако бидеме активни. Бојкотирање на институциите на систем не е решение на кој било проблем“,
рече Заев.
Денеска, генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, на фејсбук напиша дека дванаесетте пратеници на коалицијата на Зијадин Села и Африм Гаши размислуваат за бојкот на Собранието поради неисполнувањето на ветувањето од страна на ДУИ дека идниот премиер ќе биде Албанец.
Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде велат дека ќе ја разгледуваат и одлучуваат во текот на следните денови.
„Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја“, изјави Таравари за ТВ21.