Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска најави дека изготвен е нов протокол според кој пациентите од изолација поради ковид-19 ќе излегуваат без контролен тест. Ваквата одлука е донесена по опсежни анализи, кои укажале дека детектираните вируси кај конторолните тестови не можат да предизвикаат инфекција.
„Истражувачкиот центар во МАНУ, на препораката на СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести анализираше повеќе од 10 000 тестирања и според анализите, кај пациенти со ковид-19, не е присутен вирус кој може да предизвика зараза, десет или дваесет дена после позитивниот тест“,
кажа Филипче на денешната прес-конференција.
Доколку пациентот е асимтоматски, по 10 дена се укинува изолацијата, односно 20 дена кај пациентите заразени со коронавирус.